Фудбалерот полуде: Со нога нокаутираше навивач (видео)

Го провоцираа и Патрис Евра се залета кон навивач на својот клуб, Марсеј и го погоди со кунг-фу удар. Дотрча и судијата и му даде црвен картон пред да започне натпреварот.

На натпреварот во Гимараеш помеѓу португалската Виторија и францускиот Марсеј беа видени немили сцени. Пред натпреварот од Лигата на Европа, Патрис Евра од гостинскиот тим го „среди“ навивачот во стил на својот сонародник Ерик Кантона.

 

 

Се залета во навивачот на својот тим, кој го провоцираше и го удри до кунг-фу удар. Дојде до тепачка меѓу фановите и играчите на Марсеј после загревањето. Навивачите го провоцираа Евра, затоа што играчот често се експонира на социјалните мрежи, а не толку на теренот.

За овој потег Евра доби црвен картон и пред натпреварот да почне.

Вакво нешто има направено и сонародникот на Евра, Ерик Кантона во дресот на Манчестер Јунајтед во натпревар против Кристал Палас во далечната 1995 година.

Навивачот Метју Симонс, се спушти дури 11 реда, за да го провоцира Кантона, кој освен суспензија од теренот, доби и две недели затворска казна, која беше преиначена во работа за општо добро.

 

 

 

 

 

03.11.2017 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа