Фудбалер откако беше заменет го нападна тренерот со тупаници (видео)

Фудбалерот на Инвернес Лиам Полвурт предизвика тежок инцидент во 1/8-финалниот дуел од шкотскиот Челинџ куп на неговиот тим против Питерхед (3:0) во Челинџ купот во Шкотска. Играчот од средниот ред, откако беше заменет во 87.минута стигна до својот тренер Скот Калахер, и почна да го удира со тупаници.

Токму Полвурт беше стрелец на првиот гол во 2. минута, а домаќините до крајот постигнаа уште два гола.

 

Непознато е зошто фудбалерот толку се налутил на својот менаџер и го нападна со тупаници по излегувањето од игра. Неговите соиграчи успеаја да го одвојат од тренерот и да спречат поголем срам.

 

 

 

 

10.10.2017 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа