Фрчковски: За „ерга омнес“ доволен е меѓународен договор

Професорот Љубомир Фрчковски смета дека не треба жестоко да реагираме на изјавите на Ципрас и дека терминот „ерга омнес“ е термин од меѓународното право. 

– Ципрас го разбира и внатрешно и надворешно терминот, а ерга омнес е термин од меѓународното право кој се однесува во меѓународното право, значи кон сите други држави – вели Фрчковски, пренесе Слободен печат.

Објаснува дека Грција постојано го проширува терминот „ерга омнес“.

– Прво беше промена на референцата ФИРОМ само во меѓународните организации каде што ние сме членки. Потоа новото име не ја заменува референцата ФИРОМ само во меѓународните организации туку се однесува и со сите други држави, и оние што не признале под уставното име. Тоа е повторно проширување на „ерга омнес“ но сепак во меѓународните односи и во меѓународното право, со договор. Тука „ерга омнес“ треба да застане, за внатрешна употреба не треба да ги интересира – објаснува Фрчковски, додавајќи дека за Ерга омнес треба меѓународен договор кој е посилен од Уставот.

 

 

 

13.02.2018 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа