ФОТО:Загина познат спортист возејќи се со Усаин Болт

Британскиот атлетичар Џермејн Мејсон рано утрово го загуби животот во сообраќајна несреќа во Кингстон, Јамајка, откако излетал од патот возејќи го својот мотор.

Медиумите од Јамајка јавуваат дека тој се наоѓал во друштво на најбрзиот човек на светот, Усаин Болт, со кого заедно биле на забава во еден ноќен клуб. Болт, Мејсон и останатите од друштвото направиле конвој од мотори и се упатиле кон своите домови, но веднаш потоа дошло до трагичниот настан, 34-годишниот Мејсон ја загубил контролата, излетал од улицата, а по патот починал на лице место.

mejson

Болт и јамајканскиот спринтер Мајкл Фрејтер биле меѓу првите кои стигнале на местото на несреќата, но не можеле да сторат ништо за да го спасат својот пријател.

BREAKING: JA born Olympian & member of Usain Bolt's A Team @GermaineMasonHJ is dead. Mason involved in a crash 4:20am after leaving party pic.twitter.com/1N53frT4mg

.@GermaineMasonHJ Jamaican @GermaineMasonHJ won silver for the UK at 2008 Olympics. In this recent photo he's seen hanging out with his good friend Usain Bolt pic.twitter.com/aZZYeDIb9W

View image on Twitter
 

 

– Најискрено сочувство за целото спортско братство и до најблиското семејство на Џермејн Мејсон – порача Премиерот на Јамајка, Ендрју Холнес.

Мејсон, кој имаше успешна кариера во дисциплината скок во височина, е роден во Јамајка, но подоцна во кариерата реши да настапува за селекцијата на Велика Британија. Негов најголем успех беше освоениот сребрен олимписки медал на ОИ во Пекинг во 2006 година.

 

Germaine-Mason (1)

Germaine-Mason

 

 

 

21.04.2017 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа