Фотографирал тетовиран старец, па случајно решил мистерија стара 15 години (фото)

Фотографија од грбот на истетовиран старец, направена додека на улица играл друштвени игри, брзо се раширила на Интернет, а момчето кое ја направило, не ни сонувало за кого се работи.

Имено станувало збор за 74- годишниот Шигехару Шираи, шеф јапонска банда Јакуза, кој веќе 15 години бега од правда. Осомничен е за убиство на ривал од банда во 2003 година, објави ББС.

Снимката е направена на улиците на Банког а набрзо по објавување на фотографијата старецот е фатен и притворен поради нелегални документи и виза.

Тој на полицијата и признал дека е член на бандата, но за убиството не се изјаснил како виновен, но сепак се наоѓа во притвор благодарение на Интернет.

 

 

 

12.01.2018 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа