Фотографија од чопор волци која раскажува неверојатна приказна

На интернет се шири неверојатна фотографија на чопор од дваесетина волци, која има вистинска приказна во заднина – прекрасна метафора за лидерството, соработката и тимскиот настап. Потсетување колку можеме да научиме од природата. Оваа приказна е приказна за ранливоста, хиерархијата, преживувањето во суровиот свет, упорноста, издржливоста, колективниот дух. Штета што е целосно измислена.

Како главно се опишува оваа фотографија:

 

Како се движи група волци: првите три се стари болни. Одат напред за да го темпираат ритамот за другите да ги следат. Следните пет се најсилните и најдобрите задолжени се за заштита доколку дојде до напад на овие кои се напред. Во средината се волчиците кои секако се заштитени од напад, зашто и зад нив одат петмина најсилни. Последен е водачот. Тој осигурува никој да не биде изоставен од групата. Го чува чопорот да биде обединет и да не отстапи од зацртаниот пат. Секогаш е подготвен да потрча во некоја насока за да зажтити и да биде телохранител на целата група. Ова се нарекува добро водство. И навистина звучи прекрасно. И навистина нема врска со животот, па ни со природата, пишува „Недељник“.

Речиси се е погрешно на оваа фотографија – освен самата фотографија. Извлечена е од документарецот на Би-Би-СИ „Замрзната планета“ (“Frozen Planet”) од 2011 година, а наратор е, секако, легендарниот Дејвид Атенборо. Снимена е во националниот парк Вуд Бафало на крајниот север на Канада, а снимател е Чаден Хантер. Во орифиналниот опис на фотографијата пишува дека на чело на чопорот е алфа женката, а остатокот од волците оди по нејзините трагови за да зашитеди енергија во зимски услови.

„Пoвеќето волци од овој чопор покажуваат колку им е богат уловот. Чопорите во овој национален парк се единствените волци на светот кои ловат бизони и по десетпат поголеми од нив.“ Чопорите волци се генерално многу помали од овој и главно ги сочинуваат мајка, татко и нивните потомци (волците се моногамни без исклучок). Идејата дека волците треба да се бранат од странични напади, како што си замислува виралниот текст, се погрешни, зашто волците се на врвот на синџирот на исхрана и немаат непријатели во природата. Освен други волци и повремено мечки.

 

 

 

 

17.10.2017 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа