Фото: Ураганот „Офелија“ го обои сонцето во црвено

Исклучително редок феномен предизвикан од ураганот „Офелија“, истовремено ги воодушеви и ги исплаши жителите на јужниот дел на Велика Британија.

Крваво црвено сонце се појави на небото над многу британски градови, вклучувајќи и над престолнината Лондон.

Синоптичар на Би-Би-Си ја смири јавноста дека невообичаена боја на сонцето се должи на ураганот „Офелија“, кој носи тропски воздух и прашина од Сахара. Токму правот го прави тоа небото да изгледа заматено, а сонцето – црвено.

Правот пак е последица на огромни пожари во Иберија, а неговите останки биле донесени од „Офелија“.

 

 

 

17.10.2017 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа