ФОТО: Ова е мажот поради кој Стоја сакаше да се самоубие

Познатата пејачка Стоја Новаковиќ, не крие дека поради нејзиниот сопруг Игор спремна на се па дури и да се убие.

Фолкерката пред неколку години, кога нивната врска била во криза,  поради преголемата болка од можноста да го загуби сопругот, влегла  во автомобилот, ја заклучила вратата и се удрила во бетонски ѕид, се со цел да го задржи крај себе.

Тој мислејќи дека е повредена веднаш дотрчал да и помогне, па оттогаш се неразделни.

-Се залетав кон бетонскиот ѕид колку што можев, знаев дека тој нема да остане рамнодушен на тоа. Го искршив автомобилот ама не ми е жал. Знаев дека ќе дојде да ми помогне, а тогаш го чекаше замкла- рекла Стоја смеејќи се.

Иако многумина ќе кажат дека оваа постапка на Стоја е бизарна, таа вели дека воопшто не се кае, но не би го препорачала овој метод никому.

-Автомобилот го поправив, но вредеше, зошто после тоа се смиривме. Да не го направев тоа можеби немаше да се смириме- заклучила таа.

 

 

 

 

21.04.2017 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа