ФОТО: Нада се омажи со 32 години постар милионер - откри што ја одржува љубовта

Нада Хасанделиќ од Босна има 39. години, а се омажи за мултимилионер од Сиднеј кој е постар од неа 32 години. Таа за љубовта со Невил Кричтон вели дека не е важна разликата во годините, туку нешто друго.

Нивната венчавка била проследана од медиумите, а девојката за босанскиот Аваз раскажува како се случила љубовта.

- Мојот татко одамна е во Австралија, тој се вратил во Мостар и ја запознал мајка ми и ме добиле мене. Се венчале и заедно заминале во Австралија. Потоа мојот татко почина од рак, вели таа и додава дека својот сопруг го сретнала на Формула трки.

Вели му се допаѓа тоа што е реална, тоа што е "старомодна", и што живее со нозете цврсто на тлото, додека тој сака забава и адреналин.

Богатството Невил го стекнал со бизнис со автомобили. Нада еден период работела за Диор. 

 

 

 

19.05.2017 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа