Фото: Како изгледа барбиката со ликот на Лепа Брена

Балканската фолк ѕвезда Лепа Брена  објави фотографија на социјалните мрежи  од куклата Барби која пред мнoгу години беше направена со нејзиниот лик и тело и се продаваше. 

Тоа е од времето на поранешна Југославија, кога пејачката  беше  помлада и многу поактуелна на музичкото поле.

Барбиката со ликот на Брена, која некогаш  беше во продажба, беше облечена во карирана комбинација и бела кошула исто како што Брена беше облечена во  спотот „То је то„.

Брена сакајќи да ги потсети новите генерации на нејзината популарност, објавила фотографија од куклата на социјалните мрежи.

 

 

 

14.09.2017 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа