Фото: Го собори рекордот - се роди бебе џин

Родилка од Виетнам викендов, со царски рез роди бебе тешко 7,1 килограми.

- Бевме во целосен шок кога лекарот ни рече дека бебето е тешко 7,1 килограм. За време на бременоста, докторите велеа дека тоа ќе има околу пет килограми - изјави таткото на новороденчето, Тран Ван Кван.

Бебето е хит на денот од насловните страници на виетнамскиот печат. Претходниот рекорд во земјата го држеше бебе родено 2008 година, со тежина од точно седум килограми.

Светскиот Гинисов рекорд, пак, и натаму и` припаѓа на Италијанката која во 1955. роди бебе тешко 10,2 килограми.

 

 

 

17.10.2017 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа