Фото: Цел Холивуд се здружи и собра преку 44 милиони долари за жртвите на ураганот

Славни личности од светот на шоу-бизнисот се обединија за да се соберат што повеќе средства за настраданите од ураганите Ирма и Харви. За време на едночасовната хуманитарна емисија „Hand in Hand hurricane relief benefit“ беа донирани 14 милиони долари, а досега сумата достигна до 44 милиони долари.

Леонардо Дикаприо, Опра, Бијонсе, Шер, Џеј Лено, Гвен Стефани, Џорџ Клуни, Стиви Вондер, Џастин Тимберлејк, Џастин Бибер, Лупита Нионго, Брус Вилис, Џаред Лето, Никол Кидман, Рис Витерспун, Џулија Робертс, Софија Вергара, Кејт Хадсон, Том Хенкс, Рита Вилсон, Стивен Колберт, Роберт Де Ниро, Џејми Фокс и Метју Меконахи беа дел од бројните ѕвезди кои побараа донации и испратија пораки за поддршка и обединетост.

 

Hand in HandHand in Hand
Hand in Hand

Бијонсе порача: „Во време кога е невозможно да гледате вести без да видите насилство и расизам во оваа земја. Токму кога ќе си помислиш дека не е возможно да стане полошо, природните катастрофи одземаат скапоцени животи, прават огромна штета и засекогаш менуваат животи, оставајќи зад себе контаминирана вода, поплавени болници, училишта и старечки домови. И безброј семејства сега се бездомни.“ „Природните катастрофи не дискриминираат. Не гледаат дали си имигрант, црн или бел, латино или азиец, евреин или муслиман, богат или сиромав. Сите сме заедно во ова. Гледајќи како сите, без оглед на раса, религија или социјален статус, си ги ризикуваат животите за да им помогнат на други да преживеат, ми ја врати вербата во човештвото. Ве молам дајте колку што можете.“

Hand in HandHand in Hand

Hand in HandHand in HandHand in Hand

 

 

 

 

13.09.2017 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа