Фото: Цеца откри на кој начин ги заведува мажите

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна,при гостување во една емисија ги изненади гледачите откако открила неколку работи од својот приватен живот, што инаку ретко го прави, а зборувала и за фотофрафијата која неодамна ја објави и на која јасно се гледа дека нема ниту грам шминка. Во врска со таа фотографија доби многу критики, а некои прокоментираа дека изгледа како да е во алкохолизирана состојба.

- Мора да се сакате себеси такви какви што сте. Секако дека со нагласубвање на очите, усните, со шминка лицето ќе и изгледа поубаво, но јас не сум жена која е со шминка 24/7- рекла Цеца, зборувајќи за спорната фотофрафија.

-Кога сакам да заведам некого, никогаш тоа не го правам со шминка, сметат дека имам убав тен и негувана кожа, па кога заедувам тоа го правам без шминка на лицето. Не можам да се променам себе си, нити пак можев пред 15 години. Тогаш младоста си го правеше своето. Не се срамам од своето тело ниту од лицето без шминка- рекла Цеца со што ги воодушеви нејзините фанови.

 

 

 

 

12.10.2017 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа