Фелани се пошегува на своја сметка со слика од Скопје - самиот знае дека гримасата му е бесценета

Маруан Фелаини по натпреварот на „Филип Втори“ објави фотографија на која е „уловена“ најуникатната и најчудната сцена на синоќешната пресметка помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

29 годишниот Маруан Фелаини средбата ја заврши со преврзана глава откако настрада по еден воздушен дуел со Серхио Рамос, но покрај проблемите и поразот во Скопје, тој покажа дека има добра смисла за хумор.

Белгиецот на социјалните мрежи се пошегува на своја сметка со слика од „Филип Втори“, самиот знае дека гримасата која фоторепортерите успеале да ја „уловат“ е бесценета.

„Им благодарам на сите кои ми ја пратија оваа фотофрафија“ - напиша Фелаини и покрај сликата постираше неколку смјали.

 

 

 

 

09.08.2017 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа