Фејсбук воведе мерки на цензура

Фејсбук создаде софтвер за цензура, за којшто веруваат дека би ги задоволил условите на Кина за најголемата глобална социјална мрежа, по седумгодишна забрана, да се врати во втората по големина светска економија, пишува „Њујорк Тајмс”.

Имено, софтверот претставува своевиден „филтер“, т.е. спречува некои објави да се појавуваат на почетната основна страница, каде што се појавуваат новостите. И тоа ќе важи само за некои реони. Програмата е одобрена од извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг.

Во март оваа година Цукерберг се сретна со Лиу Јуншан, висок кинески функционер, кој меѓу другото е и шеф на Групата за пропаганда и идеологија.

Кина го забрани Фејсбук во 2009 година, во обид да се спречи неконтролиран проток на информации околу етничките немири во Урумчи, при што загинаа 140 луѓе.

 
 
23.11.2016 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа