Фејсбук со строги правила - нова голема промена

Фејсбук соопшти дека во иднина на компаниите и другите корисници поврзани со ширење на лажни вести ќе им биде забрането да се рекламираат преку социјалната мрежа.

Фејсбук објави и дека дополнително разви и унапреди алатка „поврзани вести“ со цел да се намали циркулацијата и влијанието на лажни и вести.

Социјалната мрежа сега ќе може да идентификува поголем обим на потенцијални лажни вести и побрзо да ги насочува во групата за проверка за факти, кои ги објавува трета страна.

Во соопштението на Фејсбук се наведува дека одредени групи ја користат функцијата „пејџис“ (Pages) како канал за ширење на лажни вести. Компании, организации, познати личности и други ја користат оваа функција на социјалната мрежа како свои јавни профили.

– Тие кои споделуваат вести, а за кои по проверката на факти се утврди дека се лажни, повеќе нема да можат да се рекламираат на Фејсбук, соопшти социјалната мрежа.

 

 

 

04.09.2017 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа