Фејсбук ќе ги разоткрива пријателите кои споделуваат лажни вести

Борбата против лажните вести се префрли и на социјалната мрежа Фејсбук. Од компанијата најавуваат подобрена верзија на апликациите кои на корисниците ќе им овозможи да дознаат повеќе за вестите кои некој од нивните пријатели ги закачува на ѕид. Меѓу другото, ќе биде откриено и кој од пријателите веќе споделил одредена вест.

Подобрената верзија на апликациите прв пат е тестирана во минатата година, а на корисниците им дозволува со еден клик да го видат изворот на веста, поврзани статии и мапа каде таа е најчесто споделувана, односно пријателите кои тоа го прават.

Кога корисницитее имаат увид во деталите од темата може да се дојде до информација која разоткрива потенцијална лажна вест. Од друга стран, споделувањето вести открива колку е таа генерално популарна, но и меѓу пријателските корисници.

Сепак, и покрај фактот дека на тој начин ќе се добие подобра слика за наводни политички ставови на пријателите на Фејсбук, опцијата не дозволува увид во тоа зошто е нешто споделено. Апликацијата нема да детектира потенцијален сарказам или критика.

 

 

 

04.04.2018 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа