Еве кои ќе бидат темите на денешните две собраниски седници

Владата на Република Македонија денеска во 12 часот  ќе ја одржи тематската седница посветена на утврдување на правецот на итните реформски приоритети, соопшти владината прес-служба.

По тематската седница, со почеток во 13:00 часот Владата на Република Македонија ќе ја одржи седмата седница. Согласно предложениот дневен ред, на седмата владина седница ќе бидат разгледани состојбите и напредокот во процесот на европската интеграција, користење и имплементација на фондовите од ЕУ, како и Статусот на реализација на приоритетите на Република Македонија за влез во НАТО и Статусот на реализација на Рамковниот договор.

На редовната владина седница ќе бидат разгледани и кадровски решенија, како и други информации од економски и политички систем и тековна политика.

 

 

 

19.06.2017 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа