Еве како изгледа новиот Извршен одбор на СДСМ

Покрај изборот на нов генерален секретар и 6 потпретседатели, Централниот одбор на СДСМ, на предлог на лидерот Зоран Заев, избра и нов Извршен одбор на партијата.

Како што соопштија од СДСМ, за членови на новиот ИО избрани се: Стефан Богоев, Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Љупчо Николовски, Максим Димитриевски, Ѓоко Танаскоски, Петар Атанасов, Спасе Глигоров, Есра Салихи, Нина Велкова, Хари Локвенец, Дијана Ќурчиска, Тања Ковачев, Аднан Џаферовски, Маја Миленковиќ и Кети Василевска.

-Сите заедно, и во земјава и надвор од неа, докажавме дека СДСМ е столбот на државата и на државноста. Да продолжиме да работиме одговорно за граѓанските и државните интереси – рекол Заев, кој неодамна на конгрес беше реизбран за партиски лидер.

 

 

 

18.06.2017 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа