Еве како да соберете повеќе лајкови на социјалните мрежи

 Желбата за добивање што поголем број „лајкови“ на објавите на социјалните мрежи очигледно не е опсесија само на „обичните смртници“, туку со неа се оптоварени и познатите личности.

Тоа особено се однесува на оние кои не се од самиот врв на познати личности, но кои се обидуваат да стекнат што поголема светска слава.

Таков е случајот со манекенката и Ди-Џеј, Шантел Џефрис, која само на Инстаграм има над 2,7 милиони следбеници. 

Според неа, атрактивниот изглед и прекрасното тело не се доволни за привлекување стотици илјади „лајкови“, туку за ваков „успех“ е потребно нешто сосема друго.

- Најмногу „лајкови“ меѓу моите слики добиваат оние кои имаат убава позадина. Луѓето сакаат да видат убава фотографија со прекрасен поглед, изјави Шантел. 

Според неа, ако сакате да имате селфи со рекорден број „лајкови“, не е доволно само да се наместите во спалната соба, туку треба да одберете место кое ќе има убава позадина. 

 

 

 

19.06.2017 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа