Евакуација на 200.000 жители поради пожарите во Калифорнија

Наредена е евакуација на 200.000 луѓе, поради четири големи пожари кои беснеат на потег од Лос Анџелес до крајбрежниот град Вентура во американската сојузна држава Калифорнија.

Пожарите досега уништија околу 150 куќи и зафатија голема површина. 

Првпат е наредена евакуација во областа Санта Барбара во Калифорнија, а автопатот помеѓу Лос Анџелес и Вентура е затворен периодично поради пожарот што ја зафаќа трасата над автопатот. 

Околу 300 жители на крајбрежниот град Карпинтерија добија наредба да го напуштат градот пред изгрејсонце, додека пожарникарите се борат со пожарот само неколку километри од градот.   

Во текот на ноќта, послаби ветрови им овозможија на пожарникарите на терен успешно да го одбранат одморалиштето Охајо, каде 7.000 жители исто така добија наредба да се евакуираат. 

Националната метеоролошка служба соопшти дека се очекува опасен налет на ветер, но дека пожарите нема да достигнат историски пропорции, како што претходно се очекуваше.

 

 

 

07.12.2017 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа