ЕУ: Повеќе држави од ЕУ, Хонг Конг и Швајцарија погодени од скандалот со токсичните јајца

Повеќе држави од Европската унија, Хонг Конг и Швајцарија се погодени од скандалот со загадени јајца со инсектицидот фипронил, соопшти денеска Европската комисија.

Портпаролот на Европската комисија Даниел Росарио изјави дека Хонг Конг беше единствената неевропска земја, која е погодена од скандалот. 

Росарио додаде дека останатите се Шведска, Франција, Велика Британија, Австрија, Ирска, Италија, Луксембург, Полска, Романија, Словенија, Словачка, Данска и Швајцарија. 

Пратките такви јајца во Швајцарија и во Хонг Конг се увезени од Белгија, Германија, Холандија и Франција, каде има фарми кај кои е регистрирано присуство на високо ниво на фипронил.

ЕК најави и посебен состанок на 26 септември во врска со скандалот со загадените јајца.

- Околу 250 илјади контаминирани јајца биле продадени во Франција од април, но ризикот за потрошувачите е мошне мал, изјави францускиот министер за земјоделство Стефан Траверт.

- Првата пратка од 196 илјади јајца, увезени од Белгија биле дистрибуирани меѓу 16 април и 2 мај, а следеше втората пратка од 48 илјади холандски јајца меѓу 19 и 28 јули, додаде тој.

Според него ризикот по здравјето на луѓето е мошне мал, со оглед на нивото на фипронил детектиран во контаминираните јајца. 

Фипронилот најчесто се користи за уништување на болви, вошки и крлежи кај животните, но е забранет од ЕУ за употреба во прехранбената индустрија. Доколку се конзумира во поголеми количини може да предизвика оштетување на бубрезите, црниот дроб и тироидната жлезда.

 

 

 

11.08.2017 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа