Екстра вечер на „Пиволенд“: Фестивалот го затвора Игор Џамбазов

Пивскиот фестивал „Пиволенд“ кој по шест дена требаше да заврши вчера, го откри изненадувањето за своите посетители  – организира уште една, екстра вечер. На 10-тиот фестивал на пивото вечерва ќе настапат Елвис блуз трио, Рингтонс и за крај – македонскиот шоумен Игор Џамбазов.

Организаторите се задоволни од изминатите шест фестивалски дена (7-12 август) кои, како што известуваат, поминале во одлична атмосфера.

–  Скопје докажа дека знае да се забавува и сред лето, а пивото беше одлично освежување во летните жешки денови. Иако температурите го надминуваа 40-от степен, Скопското Кале се покажа како идеална локација за разладување. Шест дена посетителите до последно место ја наполнија скопската тврдина, а вечерва е подарок за сите љубители на пивото и добрата музика, соопштија организаторите на „Пиволенд“.

Последниот фестивалски ден ќе почне во 20 часот.

 

 

 

 

13.08.2017 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа