Едно лице застрелано на синоќешните протести

Еден човек беше застрелан во текот на изминатата ноќ за време на протестите против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, соопшти Карлос Окарис, градоначалникот на регионот Сукре, местото каде се случило убиството. 

- Со голема болка соопштувам дека Мелвин Гуаитан, скромен работник од Петаре, почина како последица од огнена рана, наведе Окарис на неговиот Твитер налог. 

Окарис е член на опозицијата која е дел од организаторите на протестите, на кои досега загинаа девет лица. 

- Настојуваме да се откријат виновниците за убиството и да бидат казнети, истакна градоначалникот. 

Тој не даде дополнителни детали за случајот. 

Од 1 април во Венецуела се одржуваат протести за оставка на претседателот Мадуро.

 

 

 

21.04.2017 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа