Една година затвор за поштар кој не ја разнесувал поштата

Аргентински поштар ќе мора да отслужи една година затвор, затоа што не си ја работел својата работа, односно не ги разнесувал писмата.

Мануел Гутиерез, од познатата туристичка дестинација Пуерто Мадрина во Патагонија, е осуден на затворска казна уште во 2015 година, а во меѓувреме заврши и целата жалбена постапка и казната му е потврдена.

Покрај тоа што не ги разнесувал пратките и писмата додека работел, Гутиерез одбивал и да ја прими поштата која пристигнувала на негова адреса и не одговарал на судските покани што му биле испраќани од 2009 година.

Во домот на Гутиерез биле пронајдени вреќи со околу 19.000 неотворени писма, што никогаш не стигнале на својата адреса.

 

 

 

17.01.2018 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа