Една година од силниот земјотрес од 5,3 степени во Скопје - стравот и паниката сеуште свежи

Помина една година од страшниот земјотрес од 5,3 степени според Рихтер кој ги испаничи скопјани, кои со денови спиеја надвор од своите домови.

На 11. септември минатата година, земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го стресе Скопје во 15 часот и 10 минути,

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар  земјотресот бил со епицентар на пет километри од центарот на градот во регионот на Скопска Црна Гора на длабочина од десет километри.

Претходно, утрото беа исто така почувствувани два силни потреси од 4,4 степени.

Периодов се тресеа преспанскиот и охридскиот регион, а најсилниот потрес исто така беше 5 степени според Рихтер.

Многу ноќи беа непроспиени, афтершоковите траеја со денови.

Се надеваме сцените нема да се повторат.

 

 

 

11.09.2017 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа