Ѕверски го тепале на улица - младо момче од Тетово едвај се спасило

Во текот на вчерашниот ден во 16 часот и 30 минути во Полицијата во Тетово, 29-годишниот А.С. пријави дека претходната вечер на улицата „Љуботенска“ во Тетово, застанало возило во кое биле лицата Џ.С., Б.И. и С.Н од Тетово.

Притоа, Џ.С. почнал да му упатува разни пцовки кон него, по што излегол од возилото и физички го нападнал удирајќи го А.С. со глава во пределот на носот, по што тој. паднал на плочникот.

Во тој момент и Б.И. и С.Н. физички го нападнале удирајќи го со нозе во пределот на главата и телото. А.С од нападот се здобил со видлива повреда во пределот на лицето.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. 

 

 

 

12.10.2017 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа