Џихадисти нападнаа туристички центар

Туристички центар популарен кај западњаците во Бамако, главниот град на Мали е нападнат од вооружени напаѓачи, јавија очевидци меѓу кои и новинар на француската агенција Франс прес (АФП). Се уште нема информации за жртви. Владата на Мали вели дека зад нападот стојат џихадисти.

Војската на Мали со помош на француски антитерористички трупи и војници на ОН се упатија кон местото на нападот и ја блокираа областа.

Оваа западноафриканска земја се бори со џихадистите веќе неколку години, а исламистичките бунтовници оперираат на северна и централна Мали.

Во ноември, 2015 вооружени напаѓчи ги држеа во заложништво гостите и вработените во луксузниот хотел „Радисон блу“ во Бамако, при што загинаа 20-на луѓе, меѓу кои 14 странци. Ал Каеда ја презеде одгвоор оста за нападот.

 

 

 

18.06.2017 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа