Џејкоб Зума поднесе оставка

 Претседателот на Јужна Африка, Џејкоб Зума поднесе оставка. Својата одлука ја соопшти во телевизиско обраќање.

Претходно,Зума наведе дека ќе поднесе оставка ако парламентот му изгласа недоверба, и дека „ништо лошо не направил“.

Парламентот за тоа треба да гласа утре.

Оставката следува по интензивен повеќемесечен притисок од јавноста да си замине од функцијата поради долготрајни обвинувања за корупција. 

 

 

 

14.02.2018 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа