Двајца загинати во џихадистички напад во Мали

Две лица загинаа синоќа при џихадистички напад во туристичката населба Кангаба, во близина на главниот град на Мали, Бамако.

„Малиските командоси ги ослободија дванаесетмината заложници што беа задржани од страна на џихадистите, а четворица напаѓачи се убиени од силите за безбедност на Мали“ наведе министерот за безбедност Салиф Траоре.

Пронајдени се две тела на напаѓачите, а војниците трагаат по телата на уште двајца, нагласи Траоре, но не наведе дали има напаѓачи кои успеале да побегнат.

 

 

 

19.06.2017 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа