ДВ: ДУИ игра за широка коалиција и нови избори - Заев се потешко до нова Влада

Широка коалиција или нов политички договор кријат изјавите на Ахмети дека клучот за решението на кризата е кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, пишува Дојче Веле, медиум кој важи за близок до СДСМ, повикувајќи се на свои, неименувани извори.

„ „Ако 'Тиранската платформа' во морална смисла ја спаси ДУИ, 'Манифестот', 'народните протести' и собраниската блокада се цената што ја испорачува ВМРО-ДПМНЕ за да остане клучен играч на политичката маса, а не да замине во опозиција. ДУИ посредно го помага тој процес со инсистирањето дека клучот на решението е меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тоа директно води кон формирање преодна влада или кон политички договор - анекс на Пржинскиот или некој сосема нов“, вели неименуван извор на Дојче Веле

Она што е официјален став на двете македонски политички партии не навестува ваква разврска.

ВМРО-ДПМНЕ бара одржување на нови избори заедно со локалните како една од опциите или пак поддршка за малцинска влада со отфрлање на тиранската платформа.

СДСМ пак бара мандат од Претседателот Иванов за да формира нова Влада.

 

 

 

21.04.2017 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа