ДУИ: Оставката на Салији не е дел од најавената реконструкција на владата

ДУИ ги негира информациите дека оставката на нејзиниот министер за правда Билен Салији е всушност дел од најавената реконструкција на владата и проширувањето на парламентарното мнозинство. Според ДУИ, оставката претставува висок морален и политички чин.

Оставката на министерот Салији е висок морален и политички чин, кој како што и самиот кажа, има за цел сензибилизирање на општеството, а особено судството, дека селективната правда е извор на неправда и дека за неа нема веќе место во нашето општество. Владата изгуби работник и вреден инспиратор за реформирање на судството во рамките на планот 369. Исто така, ги демантираме шпекулациите дека истиот бил дел од плановите за измени во владата, напротив неговата позиција беше неспорна поради резултатите во имплементирањето на стратегијата за реформи во судството“, велат од ДУИ

Чекорот, Салији го образложи како реакција на одлуката за преквалификација на делото во случајот Алмир.

“За ова решава лидерот на ДУИ со коалициските партнери, така што прашајте ги нив. Во неможност и недостаток на надлежност на министерот за правда да интервенира директно во работата на Обвинителите и другите правосудни органи, јас оценив дека е неопходен овој чин, кој е само морален и личен“, изјави Билен Салији, министер за правда

 

 

 

 

21.03.2018 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа