Државата попушти: Вардар нема да плаќа 35.000 евра за еден натпревар на Телеком Арена

Државното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор конечно попушти. Вардар и Работнички ќе добијат можност да играат на Телеком Арена по старата цена која важеше пред последното поскапување.
Директорот на ПУИГ рече дека на денешниот состанок со управите на Вардар и Работнички се договориле да се вратат старите цени. Тој рече дека стадионот трпи огромни загуби и дека работи нерентабилно, но дека во интерес на македонскиот спорт, ќе се врати стариот ценовник за да може да се врати и прволигашкиот фудбал на најдобрата македонска фудбалска арена.
Стариот ценовник ќе биде вратен на првиот нареден состанок на бордот на директори на државната фирма и веднаш ќе стапи во сила, а во иднина ќе се прави план, како да се покријат загубите на стадионот.
Директорот на Вардар, Самоил Самев ја поздрави одлуката но рече дека се уште не може да потврди дека Вардар ќе се врати на Телеком Арена.
- „Ние сме акционерско друштво, имаме борд на директори и сопственик. По заедничкиот состанок ќе можам да ја кажам нашата одлука“ – рече Самев.

Вардар и Работнички си заминаа од Телеком Арената откако државата им ја зголеми цената за користење на стадионот. Па така, првенствените натпревари во дневен термин од околу 1000 евра скокнаа на над 3.500 евра а за оние под рефлектори и над 6.500 евра.

За натпреварите од Лига Европа цената за користење на стадионот за Вардар скокна до близу 40.000 евра.

 

 

 

21.09.2017 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа