Драма во Виница, гореше зграда

Во 15 часот во текот на вчерашниот ден се одвивала драма во зграда на улицата „Никола Карев“, во вториот влез на вториот кат.

Пожарот, како што пренесуваат од полицијата, избувнал на заедничката тераса на станарите, а изгореле предмети во сопственост на станарите од катот. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Виница. Повредени лица за среќа нема.

Причината за настанувањето и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.

 

 

 

19.05.2017 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа