Драма во Рдовиш: Се степале па извадил секира и почнал да го мава

Полицијата од Радовиш поднесе кривична пријава против 21- годишниот Р.А од село Али Коч, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. 

На 25.05.2017 година околу 07.00 часот на местото викано „Палас дере“,  атар на село Али Коч, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка  помеѓу пријавениот, О.А. и М.А. од една страна и С.М. и У.М. од друга страна.

Во тепачката, пријавениот Р.А. со секира му нанел тешка телесна повреда на У.М., а О.А., М.А. и С.М. се здобиле со телесни повреди.

 

 

 

19.06.2017 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа