Драма на граница: Рекол дека тој и синот немаат што да пријават, а потоа цариникот ја отворил детската перница

Цариниците на граничниот премин Градина, запреле двајца турски државјани како од Србија изнесуваат 80.000 непријавени евра, кои биле скриени во детска перница.

Овој обид за криумчарење е забележан во раните утрински часови. Човекот рекол дека нема што да пријави, но цариниците сепак одлучиле да го проверат целиот автомобил. Тогаш на возачкото седиште здогледале премногу наполнета детска перница, а во неа пронашле 80.000 евра.

На патниците им биле одземени 60.000 евра до завршување на истрагата за прекршочната постапка.

 

 

 

10.08.2017 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа