Дознајте дали соседите ви крадат интернет

Се сомневате дека некој ви го “краде Wi-Fi сигналот“ кој вие го плаќате? Ако сакате да дознаете дали некој ви се „закачил“ на вашата безжична мрежа, сега постои едноставно решение со помош на кое може да го откриете „крадецот“.

Wireless Network Watcher е алатка кој на Windows компјутерите ќе и овозможи преглед на сите уреди и компјутери споени на домашната мрежа.

Иако инсталација и активирање на програмот е крајно едноставно  (било да станува збор за преземање на инсталациската или компримирана датотека), потребно е малку детективска работа за да го откриете натрапникот.

Од поголема помош секако ќе биде погледот на Device Name, Device Information и User Text полиња кои ќе прикажат податоци за полесно идентификување.

Алатката WNW можете да го преземете на овој  линк.

 

 

 

21.07.2017 - 22:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа