Дождот не престана - постои ли опасност од излевање на реките?

Врнежите од дожд во изминатите 24 часа не претставуваат опасност за излевање на поголемите реки во државата. Водостојот е далеку од граничниот праг на излевање, соопшти утринава Управата за хидрометеролошки работи.

- Иако на некои водотеци се очекува зголемување на водостојот, сепак поголемите реки се далеку од граничниот праг на излевање и нема опасност од нивно евентуално поплавување. Врнежите кои паднаа во изминатите 24 часа најобилни беа во југоисточниот дел на земјава (Берово 43 мм, Гевгелија 41мм, во Струмица и Демир Капија по 18 мм), но според информациите од метеоролошките станици не беа со силен интензитет и за подолг временски период се сливаа во речните сливови, што со оглед на моменталните ниски водостои не претставува никаква опасност за водотеците низ земјава, појаснува УХРМ.

Оттаму посочуваат дека единствена опасност и закана од можни локални излевања може да бидат само силно интензивни врнежи кои за кратко време би наврнале во сливните подрачја на помалите реки и суводолиците. - Ддоколку во текот на ноќва паднат врнежи со ваков силен интензитет и бидат сконцентрирани на помалите сливови можно е брзо надоаѓање на водите во помалите реки и суводолиците, а при појава на екстремни врнежи, и локални излевања на поедини места. Ова особено се однесува на водотеците во југоисточниот дел на земјава каде според прогнозите е можна појава на пообилни врнежи, велат од УХРМ.

Предупредуваат на внимателно движење покрај малите реки и суводолиците каде е очекувано брзо надоаѓање на поројни води и каде има опасност од појава на свлечишта и одрони. 

 

 

 

17.07.2017 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа