Дождот и силниот ветер предизвика свлечишта: Лошото време го прекина релито Дакар

Деветтата етапа на релито Дакар долга речиси 1.000 километри од Салта до Челисито во Аргентина е откажана поради лошите временски услови.лоши

Дождот и силниот ветер предизвикале свлечишта поради што загрозено е и локалното население.

Поради затворените патишта голем дел од тимовите кои учествуваат на релито Дакар не биле во можност навреме да пристигнат на стартот, поради што организаторот ја откажа етапата. Релито ќе продолжи в четврток, на 12. јануари, со 10-та етапа која ќе се вози од Челисито до Сан Хуан.

По осум дена кај автомобилистите води Себастијан Леб, кој во вторникот ја презеде челната позиција од осумкратниот шамион Стефан Петерхансел.

Вкупен лидер кај мотоциклистите е Сем Сандерелнд пред Пабло Кинтаниљо

 
 
11.01.2017 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа