Дожд низ цела Македонија - на овие места наврна најмногу

 

Во Македонија утрово е облачно со врнежи од дожд и дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во текот на денот врнежите од дожд на повеќе места ќе бидат обилни, особено во јужните и централните делови.

УХРМ информира дека најмногу дожд има наврнато во Маврово - 28 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка и Виница само еден литар на метар квадратен.

Во Гевгелија наврнале 26 литри на метар квадратен, во Лазарополе 24, Пожаране 22, Демир Капија 19, Крушево 16, Дојран и Претор 12, Дебар 10, Охрид 9, Битола 7, Тополчани и Тетово 6, Струмица и Зајчев Рид во Скопје 4, Петровец Скопје 3 и Штип и Прилеп 2 литри на метар квадратен. 

 

 

 

15.11.2017 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа