Доста ви е од компири, месо и макарони? - овој ручек е фантазија

Ако се мислите што да подготвите за ручек и ако ви здосади од компири, месо, тестенини или пити, тогаш имаме решение за вас. Од карфиол и шунка може да се направи брз и многу вкусен ручек. Патем и еден совет, карфиолот никогаш не треба да го држите на светлина и сонце зошто брзо го губи вкусот.

СОСТОЈКИ:

  •  1 карфиол
  • 150 гр шунка
  • 100 гр кашкавал
  • 180 гр кисела павлака
  • сол

 

 

  1. Карфиолот се мие убаво, па се кине на помали делови. Се обарува во посолена вода околу десетина минути. Важно е водата добро да ја посолите, бидејќи од тоа зависи дали карфиолот потоа ќе биде вкусен.
  2. Ставете малку путер во сад да се пропржи со шунката, па на крај додајте ја и киселата павлака.
  3. Ставете го карфиолот во огноотпорен сад, ставете врз него од шунката, па од кашкавалот, и повторете ја постапката додека имате фил.
  4. Печете во рерна на 200 степени неколку минути додека не се растопи кашкавалот.
  5. Пријатно јадење!

 

 
 
17.10.2016 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа