Доналд Трамп по деветти пат стана дедо

Ерик Трамп (33) и неговата сопруга Лара (34) добија момче. Му го дадоа името Ерик Лук Трамп. Претседателот на САД, Доналд Трамп, стана дедо деветти пат.

Синот на Трамп, Ерик, и неговата сопруга Лара станаа денеска родители првпат. Лук Трамп им се придружи на децата на чичко си Доналд Трамп Јуниор, кој со сопругата Ванеса има пет деца.

 

Тетката Иванка Трамп, пак, со Џеред Кушнер има три деца, објави Си-ен-ен. Јуниор му честита на својот брат што на крајот влезе во клубот. А тетката му посака добредојде на бебето велејќи дека едвај чека да го запознае.

 

 

 

 

13.09.2017 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа