Домаќинките за бериќет на Василица ги прават овие колачиња - ова е рецептот

Некои семејства на Василица месат погача со паричка, а некои колачиња со мед за кои се верува дека носат среќа.

Потребни ви се 600 гр. брашно, 25 гр. свеж квасец, 1 лажиче сол, 1 јајце, 3 дл. млеко, 250 гр. маргарин, мед за премачкување.

Се мешаат во сад брашното со квасец и сол и јајце, па млако млеко. Измесете тесто, премачкајте го со третина од маргаринот и преклопете го како лиснато тесто, па нека нарасне.

Повторете ја постапката уште 2 пати додека има маргарин.

Направете тесто со дебелина на прст и ставете го во тепсија, па исечете коцки. печете на 180 степени.

Василиците премачкајте ги со мед.

 

 

 

13.01.2018 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа