Договориле се на Фејсбук: Ученици се испотепале вчера во Скопје

Во 10 часот вчера било пријавено дека на улицата „Коста Абрашевиќ“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу две групи малолетници.

Од една страна биле 11 малолетници на возраст од 13 до 15 години од кои девет биле ученици од основното училиште „Лирија“, а двајца од средното училиште „Арсение Јовков“, а од друга страна биле 17 малолетници, исто така, на возраст од 13 до 15 години, сите ученици од основното училиште „7-ми март“.

Во тепачката двете групи си размениле удари со тупаници и клоци, а потоа фрлале со камења едни кон други, од што било оштетено едно приватно возило „Венто“ со скопски регистарски ознаки.

До нарушувањето дошло поради меѓусебно нетрпение и расправија на двете групи на социјалните мрежи. Тие се сретнале на местото по претходен договор.

Се преземаат мерки за  целосно расчистување на настанот.

 

 

 

07.12.2017 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа