Дизајнирана првата барбика со хиџаб

Ибтихај Мухамед беше првата американска спортистка, која носеше хиџаб на Олимписките игри во 2016 година во Рио, а сега според неа е дизајнирана и првата барбика, во 58-годишната историја на компанијата, којашто носи хиџаб.

Уникатната барбика што наликува на олимпијката била презентирана на самитот Жена на годината на „Гламур“, како најновата кукла во барби-линијата „шеро“ (жени херои), проект што ги слави жените што имаат намера да инспирираат нови генерации.

-Оваа барбика е исполнување на сонот на сите деца- рекла таа.

- Возбудена сум што соработувам со бренд што знам дека оддава почит на моќни жени што уриваат бариери и чија цел е да влијаат врз идните лидери - изјавила Мухамед.

Барбиката за јавноста ќе биде достапна од есен 2018 година. 

 

 

 

14.11.2017 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа