Димитров и Малстром во Стокхолм: Усвоена Декларација за соработка помеѓу Шведска и Македонија

 

Како продолжение на регионалната посета на нордиските земји, денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, претстојуваше во официјална посета на  Кралството Шведска. Негов домаќин беше министерот за надворeшни работи на Кралството Шведска, г-ѓа Маргот Валстром- изјави денеска преку соопштение министерството за надворешни работи.

На средбата со својата шведска колешка, министерот Димитров ја потенцираше цврстата определба на реформската Влада за враќање на земјата на патот на европските интеграции, трасиран преку реални и темелни реформи во областите од суштинска важност и спроведување на политика на отворен дијалог со сите свои соседи, базирана на европските вредности и принципи. Враќање на влијанието и поддршката од нашите европски пријатели е клучна во таа смисла.

Во соопштението се вели дека, министерката Валстром изрази силна и недвосмислена поддршка за активностите на новата македонска Влада за брзо ревитализирање на европската перспектива на Македонија и увери дека Шведска е искрено заинтересирана за зголемување на конкретната помош во области што се најкорисни за нашата реформска агенда.

-Исклучително срдечната и продуктивна средба на двајцата министри, резултираше со усвојување на Декларација за соработка меѓу Република Македонија и Кралството Шведска (LINK), со која што се потврдува поддршката за нашите стратешки цели и се утврдуваат полињата од заемен интерес за градење на понатамошна поконкретна соработка. Не’ охрабрува фактот што Шведска го препозна новиот почеток во Македонија и ни’ подава рака во овој за нас исклучително важен период- стои во соопштението

Воедно, на покана на министерот Димитров, беше договорена возвратна посета на МНР Валстром на Македонија оваа есен.

Во рамки на својата посета на Стокхолм, МНР Димитров оствари средби и со првиот заменик-претседател на Парламентот на Кралството Шведска, Тобиас Билстром, со членови на парламентарната Комисија за европски прашања, како и високи претставници на Институтот SIPRI, меѓународниот центар Олаф Палме и Социјалдемократерн- изјавија од таму.

 

 

 

16.08.2017 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа