Девет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

По повод навршувањето девет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници на Воздухопловната бригада (ВБР) на АРМ, денеска ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата пред Командата на ВБР во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај катлановско Блаце.

Почит на загинатите ќе им оддадат делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда, ВБР, како и  членови на нивните семејствата.

 

На одбележувањето на годишнината од загинувањето на припадниците на ВБР, на местото на хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце, цвеќе ќе положи министерот за одбрана, Зоран Јолевски. 

 
 
12.01.2017 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа