Детали за здравствената состојба на учениците од Демир Хисар

Десет од учениците кои се превезуваа во автобусот кој утринава се судри со комбе на патот Демир Хисар - Кичево се полесно повредени, а потешко повреден е еден од возачите на автобусот. Учениците се пуштени дома, додека возачот е задржан на лекување.

- Децата се испратени дома без некои потешки повреди. Еден од возачите е прегледан и без некои потешки повреди е пуштен дома, додека другиот е задржан на болничко лекување на Ортопедија. Има фрактура на карлицата и подлив на екстремитетите - вели Зоран Лазарев, директор на Клиничката болница во Битола.

Сообраќајната несреќа се случи изутрината околу 7 часот и 30минути на патот Демир Хисар - Кичево. 

 

 

 

14.11.2017 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа