Детали: Безживотното тело во Охридско е младо момче пријавено за исчезнато

Попладнево заврши увидот предводен од Јавен обвинител поврзан со пронаоѓањето на безживотно тело, што во 11 часот и 55 минути  беше забележано во водите на Охридското езеро во близина на плажата „Бафало бич“ кај мостот на каналот „Студенчишта“.

-По извршениот увид во кој учествуваа и полициски екипи од СВР Охрид, констатирано е дека се работи за лицето Филип Ѓ. (24) од Кичево, кој имал престојувалиште во Охрид. Денеска беше извршено препознавање на безживотното тело од страна на  член на неговото поблиско семејство а по наредба на Јавен обвинител,  во болницата во Битола, ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид.

Инаку, на 16-ти овој месец, во 23 часот и 15 минути, во СВР Охрид, сега починатиот беше пријавен за исчезнат. Со него, според наводите во пријавата, бил невозможен контакт од 15-ти овој месец во 22 часот и 45 минути.

 

 

 

18.11.2017 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа