Дескоска: Законска ревизија на невистинитите факти во учебниците

Министерката за образование и наука Рената Дескоска денеска, одговорајќи на новинарски прашања, рече дека со ревизијата која ќе се спроведува исклучиво законски, ќе бидат опфатени сите учебници во кои се нотирани грешки, невистинити факти, дискриминаторски содржини и говор на омраза, предрасуди и стереотипи.

- Ревизијата нема да биде ревизија на факти, туку на невистинити факти. Некои работи што се случиле, ниту јас, ниту кој било друг не може да ги бриши од историјата, потенцира министерката.

Таа најави и повисоки плати за наставниците догодина.

 

 

 

07.12.2017 - 13:10
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа